Дома Топ вести Мората: Заминувам од Атлетико, ќе се приклучам на Милан

Мората: Заминувам од Атлетико, ќе се приклучам на Милан

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората потврди дека негова следна дестинација ќе биде екипата на Милан.

По изглегувањет од тренинг центарот на Атлетико, Мората во изјава за новинарите најави дека по медицинските прегледи ќе потпише договор со Милан и трансферот е веќе договорен.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Ќе треба да ги минам медицинските тестови, но да, ќе се приклучам на Милан. Се збогував со соиграчите, Симеоне, челниците на Атлетико… Подобро е да заминеш кога мислиш дека немаш што повеќе да понудиш. Го освоив Европското првенство како играч на Атлетико Мадрид“, изјави Мората.

Во Милан Мората пристигнува за 13 милиони евра и навивачите го сметаат за солидно засилување со оглед на сумата. Мората има и искуство во италијанскиот фудбал бидејќи на двапати го носеше дресот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …