Вчера во напад во близина на Милано беше пpoбоден фудбалерот на Монца, Пабло Мари. Веднаш по нападот тој беше пренесен во болница со хеликоптер, а сега преостанува да оди на рехабилитација.
Според лекарите тој ќе биде пуштен од болница за три или четири дена и тогаш ќе може да го започне процесот на рехабилитација. Неговиот живот не е во опасност, но повредите на мускулните ткива биле незгодни и длабоки па затоа ќе мора да мирува одредено време пред повторно да биде активен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Монца Мари настапува како позајмен фудбалер од Арсенал и сезонава одигра девет натпревари за италијанскиот тим и постигна еден гол. Монца во објавеното официјално соопштение најави дека го очекува да се врати на терените за околу два месеци.
За нападот се огласи и тренерот на Арсенал Микел Артета.
„Дознав предмалку, знам дека директорот Еду веднаш стапи во контакт со него и во овие моменти е во болница. Ми кажаа дека е добар, не знам нешто повеќе. Ќе разговарам подоцна со него. Најважно е што е добро“, изјави Артета.
Во нападот на 46-годишникот во маркетот покрај Мари беа повредени уште четири лица, додека едно лице го загуби животот.