Милан и покрај големите засилувања ова лето катастрофално ја започна сезоната и веќе четири натпревари не знае за победа во Серија А.
Позициајта на тренерот Монтела сериозно е разнишата, па доколку не успее да забележи добри резултати на следните два натпревари (Киево и Јувентус) сигурно ќе добие отказ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера после ремито со Џенова раководството му даде доверба на тренерот, но медиумите во Италија се сигурни дека после натпреварот со Јувентус ќе следува негова смена.
Иако низ медиумите се шпекулира со неколку тренерски имиња, сепак најголем фаворит е Пауло Соуса, екс тренерот на Фиорентина.
Соуса наводно се согласил да го води тимот до крајот на сезоната, а следното лето Милан ќе тргне во потрага по големо тренерсо име. Најголема желба е Антонио Конте.
Останува да видиме кави ќе бидат резултатите на Милан во следните две кола и дали Монтела ќе успее да „преживее“ на клупата на „росонерите“.
Multiple Italian reports state that former Fiorentina coach Paulo Sousa is the favourite to replace Montella in case he gets sacked by Milan pic.twitter.com/d1m1VcIVak
— Milan Eye (@MilanEye) October 23, 2017