Maнчестер Јунајтед го победи Њукасл со 2:0 и славеше во финалето од Лига Купот, а по натпреварот во прославата им се придружил и легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Фергусон се сликаше со трофејот и со Тен Хаг, а на Холаѓанецот и лично му честиташе. Дека Ферги влегол во соблекувалната потврди и Тен Хаг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Беше со нас вечерва, навистина е среќен“, изјави холандскиот стратег, па даде коментар за вечерата која се случи неодамна.
„Тоа е вечера која покажува дека сме добри и тој навистина е вклучен и посветен на овој клуб. Сите заедно можеме многу да научиме од него. Тоа што го направи за Манчестер е огромна инспирација за сите нас“, заврши Тен Хаг.
Respect.
— Sky Sports Football (@SkyFootball) February 26, 2023
Sir Alex Ferguson applauding Erik ten Hag 👏❤️ pic.twitter.com/bnod0rkO3e