Денес организаторот на ЛОИ во Токио објави информација дека е потврден првиот случај на заразен со Ковид-19 во олимпиското село.
ЛОИ ќе се одржат од 23. јули до 8. август во Токио откако беа одложени за една година поради пандемијата со коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Потврден е случај на коронавирус во олимпиското село. Тој е првиот регистриран случај при доаѓањето. Во овие моменти правиме се за да го спречиме ширењето. Доколку дојде до поголем број позитивни случаи, имаме спремено план“, изјави претседателката на организацискиот комитет на Игрите, Сеико Хашимото.
Македонија во Токио има осум претставници: Миа Блажевска- Еминова (пливање), Борјан Бранковски (спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол), Дејан Георгиевски (таеквондо), Филип Деркоски (пливање), Пулексенија Јованоска (карате), Магомедгаџи Нуров (борење слободен стил), Арбреша Реџепи (џудо) и Јован Стојоски (атлетика).