Дома Фудбал Останато Претставени медалите за ЛОИ во Париз – по еден детал се уникатни!

Претставени медалите за ЛОИ во Париз – по еден детал се уникатни!

Oрганизаторите на Олимписките игри во Париз денеска го открија изгледот на медалите кои ќе ги добиваат натпреварувачите за успесите во француската престолнина во летото кое следи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Медалите се дизајнирани од познатата златарница „Chomet“, а еден детал посебно ги издвојува од сите претходно. Секој медал во себе содржи точно 18 грама оригинално железо од Ајфеловата кула.

Направени се 5.084 медали и во секој има парче историја од кулата која стана симбол на Франција и Париз со изградбата во 1889 година. Олимписките игри започнуваат на 26-ти јули и ќе траат до 11-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…