Дома Трансфер зона Може ли Роналдо на крајот од сезоната да направи изненадувачки потег?

Може ли Роналдо на крајот од сезоната да направи изненадувачки потег?

Кристиано Роналдо наскоро ќе го прослави својот 35. роденден и неодамна призна дека размислува за тоа што ќе прави по завршувањето на кариерата.

Роналдо ја обележи претходната деенија со неверојатни настапи во дресот на Реал, а сега настапува во Јувентус и се ближи кон пензионирањето. Португалецот веќе започна неколку нови бизниси и со тоа некако најави со што би се занимавал, а спомена и дека би можел да влезе во филмската индустирија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меѓутоа медиумите пишуваат дека Роналдо пред да стави крај на кариерата би можел да одигра една сезона надвор од Европа, наводно во игра се неколку понуди од Катар и САД.

Клубовите од овие земји наводно се спремни да понудат огромна сума за да го доведат Роналдо на само една сезона.

Сепак, Роналдо според физичката форма во која се наоѓа сигурно може да одигра уште некоја сезона на највисоко ниво, па затоа овие информации засега не изгледаат реално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…