Поранешниот лев бек на Јувентус, Антонио Кабрини зборуваше за фудбалерот кој ова лето пристигна во Торини.
Кабрини 13 сезони настапуваше за „старата дама“. Тој смета Португалецот, Жоа Кансело е фантастичен играч и дека може да стане најдобриот играч на својата позиција.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Кансело најдобар десен бек во светот? За тоа да станете, не морате да го освоите Мундијалот, но веројатно доколку го освоите тоа ви помага. За да стане најдобар во светот кое неговата позиција во прашање, мораме да почекаме уште малку. Притисок во овој момент не му е потребен, а игра фантастично“.
„Освен тоа може да покрива уште неколку позиции на теренот, може да игра и како крило, па и во средината. Кога го гледате добивате впечаток дека може се да направи“, изјави Кабрини.
Кансело ова лето пристигна од Валенсија во Јувентус за сума од 40.4 милиони евра, минатата сезона како позајмен фудбалер настапуваше во Интер.