Може ли да се повтори сезоната 2011-2012?
Антонио Конте летото 2011 година пристигна во Јувентус. Пред него Јувентус два пати завршуваше на седмото место што се најслабите резултати во историјата на овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од него се очекуваше да наметне дисциплина и да изгради свој стил, Јуве тоа лето го доведе Пирло за кого се зборуваше дека е потрошен, но и Пепе, Лихштајнер, Видал, Вучиниќ кои не беа големи ѕвезди, но се покажаа како фантастични играчи.
Милан изгледаше дека е многу посилен од Јувентус, го имаа Ибрахимовиќ, Гатузо, Сидорф, Инзаги, Неста, Замброта, Пато, Тиаго Силва, Робињо, Касано... Ја бранеа титулата и беа апсолутни фаворити, но во текот на сезоната дојде до конфликт помеѓу Алегри и Ибрахимовиќ, исто така многу играчи му замеруваа на Швеѓанецот дека игра сам.
Сето тоа на крајот пресуди, Интер во претпоследното коло го победи Милан и Јувентус ја обезбеди титулата во Трст каде што Каљари беше домаќин.
Дали сега историјата може да се повтори?
Во Интер Конте ја соедени екипата, во Јувентус се појавија проблеми, дел од навивачите не се задоволни од Сари, тука се незадоволните Дибала и Џан...Освен тоа многумина ќе кажат дека против Бреша без Роналдо тимот изгледаше многу подобро.
Како и да е останува времето да покаже дали ќе видиме повторување на историјата.