Дома Фудбал Останато Модриќ: Реал Мадрид може и оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите

Модриќ: Реал Мадрид може и оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ верува дека и покрај лошиот почеток на сезоната Реал Мадрид може да ја освои Лигата на шампионите.

„Во фудбалот ништо не е невозможно, посебно за Реал Мадрид, како што покажавме во последните три години кога исто така изгледаше невозможно. Зошто да не ја освоиме и четврти пат во низа?“, изјави 33 годишниот играч при примањето на наградата од „Гоал“ за најдобар играч во сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Модриќ беше прогласен за најдобар во светот и во изборот на реномираниот портал „Гоал“.

Во последните седум години оваа награда ја освојуваа Кристиано Роналдо и Лионел Меси, пред нив во 2010 таа заврши во рацете на Весли Снајдер.

„Многу сум среќен што ја добив оваа награда. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Чест ми е што ја добив после играчи какви што се Меси и Роналдо“, порача Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиер лигата донесе ново правило, а Арсенал пронајде начин да го искористи во своја корист!

Навивачите на Олд Трафорд забележаа „интересен“ потег на Арсенал кога станува збор за ново…