Mладиот голман на Вардар Марко Кизиќ вчера имаше супер настап против Мешков Брест.
Кизиќ одигра 15-тина минути и за тоа време запиша пет одбрани, две му беа во иста акција. Токму таа ситуација ЕХФ со право ја избра за одбрана на колото во ракомтната Лига на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Оваа недела во фокусот е младиот Марко Кизиќ од Вардар. Со двојна одбрана ги воодушеви навивачите. Не е лошо за 18 годишно момче“, стои во објавата на ЕХФ со видеото од одбраната.
? Check out this fantastic double save from 18-year-old @HCVardar goalkeeper Marko Kizikj in their win against @meshkovbrest. #veluxehfcl #ehfcl #VARMES pic.twitter.com/ZXZIOO3XXq
— EHF Champions League (@ehfcl) November 3, 2019