Патрик Кутроне минатата сезона беше најголемо откритие во Серија А и својата дебитантска сезона ја заврши со 18 постигнати гола.
Кутроне покажа дека во моментов е еден од најголемите таленти на Апенините, па дури заработи и повик за италијанската репрезентација, но моментално не е задоволен од својот статус во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кутроне не добиваше многу шанси од првата минута ни во првиот дел од сезоната кога Игуаин беше прв избор, но сепак имаше солидна минутажа и постигна 9 гола во сите натпеварувања.
Сепак, после доаѓањето на Криштоф Пјонтек, младиот Италијанец падна во втор план и веќе еден месец нема започнато натпревар за Милан, а оваа сезона од првата минута во Серија А играл само десет пати.
Јасно е дека талентираниот напаѓач не е прв избор за Гатузо, па поради тоа неговиот агент не е сигурен дали иднината на Кутроне е на „Сан Сиро“.
„Дали Кутроне ќе остане во Милан? Не знам, ќе видиме“, изјави Донато Орњони за италијанските медиуми.
Кутроне има договор со Милан до 2023 година и „росонерите“ сигурно нема лесно да се откажат од својот талент, па ќе направат се за да го задржат на „Сан Сиро“.
„Кутроне е многу важен играч за нас, но и за иднината на овој клуб. Во моментов ситуацијата е таква и не добива голема минутажа, но тој покажа дека знае да ја користи секоја шанса. Млад е има голема иднина во овој клуб“, изјави Џенаро Гатузо.