Дома Македонски спорт Мак фудбал Младата футсал репрезентација на Македонија поразена од Словенија

Младата футсал репрезентација на Македонија поразена од Словенија

Младата македонска футсал репрезентација до 19 години во еден интересен и возбудлив натпревар забележа минимален пораз од селекцијата на Словенија со 3:2 во рамките на групата Б од силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој се одржува во Умаг, Хрватска.

Нашите футсал фудбалери имаа предност од 2:1 и три извонредни можности за зголемување на предноста, но на крајот противникот успеа да направи комплетен пресврт и да ја забележи првата победа во рамките на првото коло од турнирот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот Гавровски и Стоимировски се запишаа во листата на стрелци за Македонија на овој натпревар.

Во второто коло од меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, младата футсал репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…