Дома Македонски спорт Мак фудбал Мишковски пред Воска: Во првите два натпревари немавме среќа, обврска на Вардар е секогаш да оди на победа

Мишковски пред Воска: Во првите два натпревари немавме среќа, обврска на Вардар е секогаш да оди на победа

По првите две гола во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Вардар забележа два порази, а в недела го очекува натпревар против Воска.

Воска како и Вардар има два порази, па сега некој или двете екипи ќе ја прекината серијата од мини порази. Еден од столбовите на одбраната на Вардар го најави овој натпревар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според дефанзивецот Ненад Мишковски, Вардар прикажал добра игра со Брера и Шкупи во првите две кола, но среќата не ги посакала.

 „Обврска на Вардар на секој натпревар е да оди на победа, така ќе биде и во недела во Ојрид. Работиме добро, атмосферата и заедништвото во клубот се на високо ниво и покрај резултаски негативниот старт на сезоната.

 Веруваме во себе, среќата не нѐ посака на првите два натпревара и покрај добрата игра, но убедени сме дека со секој следен натпревар ќе растеме како екипа, а со тоа ќе дојдат и победите. Ги повикуваме и сигурни сме во огромна поддршка на нашите Комити в недела во Охрид. Со нив какои секогаш ќе ни биде многу полесно да дојдеме до посакуваната цел“, вели Мишковски.

Воска и Вардар се среќаваат в недела од 17:00 часот во Охрид на стадионот „Билијанини Извори“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…