Дома Македонски спорт Мак ракомет Михајловски: Одлуката за исфрлање на Вардар од ЛШ не е конечна, ќе одиме на суд

Михајловски: Одлуката за исфрлање на Вардар од ЛШ не е конечна, ќе одиме на суд

Како што неофицијално објави специјализираниот сајт за ракомет „Балкан-Хендбол“, Европската ракометна федерација донела одлука да му забрани на македонскиот шампион Вардар да настапува во Лигата на шампионите на ЕХФ во сезоната 2022/2023.

Причина за ваквата одлука е нерасчистената финансиска состојба и неисплатени долгови кон некои ракометари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски за „Слободен печат“ изјави дека тоа е заради долговите од претходното раководство и дека одлуката не е конечна.

„Јас сум во Келн. Извршниот комитет на ЕХФ во петокот донеле предлог-заклучок, а јас ќе имам раазговор со господинот Михаел Видерер, но најверојатно ќе одиме на суд. Овој предлог-заклучок е поради долговите на претходното раководство, а одлуката се уште не е конечна“, изјави Михајловски за „Слободен печат“.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…