Утрешниот ден во Италија го носи големото градско дерби помеѓу Јувентус и Торино, а тренерот на „биковите“ нема убави сеќавања од последното гостување на неговиот клуб кај големиот ривал.
Ова дерби секогаш е исполнето со голема страст и желба за победа и на едната и на другата страна, но таквите работи некогаш знаат да отидат и предалеку, а Синиша Михајловиќ, се надева дека нема да се повторат сцените од претходното гостување на Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Стадионот на Јувентус е преубав и модерен, на него можете да слушнете се, па минатиот пат можев да слушнам како јас бев навредуван од страна на навивачите на Јувентус, тие не ме навредуваа само мене, туку и мојот народ, се надевам дека е време таквите работи да бидат отстранети од фудбалот“, изјави Михајловиќ.
Михајловиќ исто така беше лут и на судијата од тој натпревар кој не реагираше. Да потсетиме, Михајловиќ беше навредуван со зборовите „Цигански Србине“, всушност Италијаните го користат израдот „Zingaro“.
Кога во прашање е играта на теренот Михајловиќ најави дека неговиот тим ќе игра офанзивно.
„Ќе дадеме се од себе, моите тимови, секогаш играле офанзивно, така ќе биде и овој пат, не се плашиме од Јувентус“, заврши Михајловиќ.