Натпреварот помеѓу Србија и Португалија во квалификациите за СП заврши без победник (2:2), но со големи контроверзии на крајот.
Имено, во последната минута не му беше признат чист гол на Кристиано Роналдо, иако топката со цел обем ја мина гол линијата.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Роналдо беше револтиран и ја фрли капитенската трака кога излегуваше од стадионот, но не мислат сите дека таа лутина кај Португалците била оправдана.
„Роналдо има свое видување на ситуацијата, може да биде и лут, ама мислам дека топката не влезе во голот. Ние на крајот сме задоволни од резултатот, освоивме бод. Но, не сме презадоволни, затоа што сакавме да победиме“, изјави Митровиќ.