Дома Фудбал Останато Митот за Роналдо и Алберт: Дали најубавата фудбалска приказна е измислена?

Митот за Роналдо и Алберт: Дали најубавата фудбалска приказна е измислена?

Кристијано Роналдо и неговиот пријател Алберт Фантрау, мит или вистинска приказна, можеби никогаш нема да дознаеме.

Уште во 2014 година низ интернетот започна да кружи славната приказна за Роналдо и неговиот пријател Фантрау. Тогаш бројни медиуми ја лансираа оваа приказна како Фантрау ја жртвувал својата фудбалска иднина за да му помогне на Роналдо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Него морам да му се заблагодарам што ми овозможи успешна кариера. Игравме заедно како деца. Дојдоа да не гледаат од академијата на Спортинг. Ни кажаа – тој што ќе постигне повеќе голови ќе оди на проба. Јас го постинав првот, Алберт вториот. Тогаш Алберт го помина голманот и имаше чиста ситуација за втор гол на натпреварот, но тој ми ја врати топката за јас да постигнам гол. Кога го прашав зошто го направи тоа, ми одговори – ти си подобар од мене“, наводно гласела изјавата на Роналдо.

Алберт никогаш не успеа во фудбалот, но има удобен живот. Кога новинарите го прашале како успеал да купи голема куќа и скап автомобил, тој наводно им одговорил – „Кристијано Роналдо…“.

Приказната може да ве натера на солзи, звучи како најубавата во фудбалот, но колку е вистинита? Многумина ќе кажат дека е мит, но дека е толку добра па затоа сите се препуштаат и веруваат.

Во оваа приказна за Роналдо и Алберт доказите и информациите се ограничени. Се звучи мнгоу холивудски, а тоа затоа што и веројатно така. Како фудбалски романтичари сите би сакале да биде вистина, сакаме да веруваме дека Алберт на крајот бил награден за својот голем чин и фудбалската иднина која му ја подарил на Роналдо.

Документите потврдуваат дека Роналдо на почетокот на кариерата играл во локалниот аматерски тим Андорино помеѓу 1992 и 1995 година, потоа две години поминал во Насионал. На Спортинг се придружил во 1997 година. Своето сениорско деби го имаше во октомври 2002 и импресионираше против Манчестер Јунајтед во август 2003, подоцна се пресели на „Олд Трафорд“ и останатото е историја…

Приказната не потврдува кој клуб го претставувал наводниот скаут, ниту кој бил тој скаут, не се знае ниту колку години имале Алберт и Роналдо. Некаде се пренесуваше дека тоа се случило на првенството до 18 години, но со оглед на тоа дека Роналдо сениорски фудбал за Спортинг почна да игра на 17 години само дава на тежина на аргументите дека станува збор за мит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…