Герет Бејл повторно се мачи со повредите. Велшанецот играше во интернационалната пауза за репрезентацијата, постигна гол против Хрватска, а на крајот на натпреварот заработи незгоден удар што предизвика нова пауза.
Од споменатиот натпревар Бејл се наоѓа надвор од тимот на Реал и ги пропушти натпреварите против Мајорка и Галатасарај, меѓутоа се уште не може никој да го прогнозира неговото враќање на теренот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еди Ажир, шпанскиот новинар, тврди дека Бејл побарал од Реал Мадрид да не излегува со медицинскиот картон во јавноста, што шпанскиот клуб обично го прави кога се во прашање повредите на играчите.
Се уште не е јасно зошто ова би било тајна земајќи го во оглед фактот дека Кралевите секогаш биле транспарентни во известувањето на јавноста кога се во прашање повредите на Велшанецот, а не беа малку.
Има различни шпекулации за враќањето на крилото на Реал, а една од тие е дека би можел да се врати на 2. ноември за натпреварот против Бетис.