Дома Фудбал Италија Миранда се истакна со катастрофална грешка, го поправи Кармона со одличен гол – Интер конечно победи (Видео)

Миранда се истакна со катастрофална грешка, го поправи Кармона со одличен гол – Интер конечно победи (Видео)

Денес со почеток во терминот од 15:00 часот во италијанската Серија А беа одиграни четири натпревари.

Интер и Спалети конечно успеаа да слават во Серија А. „Нероаѕурите“ ја совладаа Болоња со 2:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Домаќинот одлично отвори уште во втората минути, Брозовиќ упати топка во петерецот, а Eдер успеа да ја смести во мрежата за предност од 1:0.

Гостите во првиот дел успеаа да стигнат до изедначување. Бразилецот Миранда направи катастрофална грешка, топката стигна до поранешниот играч на Интер, Родриго Паласио кој го совлада Хандановиќ

Голот на одлука го постигна Кармона и тоа на навистина одличен начин со удар од околу 20 метри во 63 минута од средбата. Само пет минути подоцна надежите на Болоња дека може да стигне до бод во овој натпревар беа значително намалени со вториот жолт картон на Мбаје. Во финишот беше исклучен и Масина.

За Интер ова беше прва победа во Серија А, уште од 3 декември кога го совладаа Киево со 5:0.



Во останатите натпревари, Сампдорија ја совлада Верона со 2:0, Торино со истиот резултат беше подобар од Удинезе, додека Киево ја совлада Џенова со 0:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…