Дома Фудбал Англија Минамино е нов играч на Ливерпул!

Минамино е нов играч на Ливерпул!

Она што беше најавено во изминатите денови, денеска го доби својот епилог. Такуми Минамино е нов играч на Ливерпул!

Официјалната веб-страница на Ливерпул потврди дека Такуми Минамино е нов член на тимот од „Енфилд“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мој сон беше да станам играч на Ливерпул. Навистина сум возбуден што тој момент се оствари. Играњето во ПЛ беше една од моите цели. Мислам дека ова е најдобрата лига во светот, лига во која можам повеќе да напредувам. Едвај го чекам дебито.“ изјави Јапонецот на својата презентација во Мелвуд.

Цената на трансферот изнесуваше само 7,25 милиони фунти и тој треба да му се приклучи на тимот на првиот ден од 2020. година. Во последните пет години, јапонскиот фудбалер играше за австрискиот шампион и има постигнато 64 гола на 189 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудо: Девојка го ограбила легендардниот Давидс за 220.000 евра, дознал неколку години подоцна!

Познатиот холандски фудбалер Едгар Давидс (52) преживеал неочекуван инцидент кога неговата…