Дома Фудбал Лига на шампиони Милнер сруши рекорд во ЛШ, но веќе истиот е загрозен од неговиот соиграч

Милнер сруши рекорд во ЛШ, но веќе истиот е загрозен од неговиот соиграч

Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер синоќа стана играчот со најмногу асистенции во една сезона во ЛШ откако најелитното натпреварување се игра во оваа форма.

Милнер беше асистент на Фирмино за петиот гол на Ливерпул против Рома, а тоа му беше рекордна девета асистенција во оваа сезона со што го сруши рекордот на Вејн Руни од сезона 2013/14 и Нејмар од сезона 2016/17 со по осум асистенции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интересно, рекордот на Милнер е веќе загрозен од неговиот соиграч Фирмино. Одличниот бразилец од редовите на Ливерпул на негово конто има запишано седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Арсенал веќе ќе беше шампион во Премиер лигата доколку го избраше Патрик Шик“

Владимир Шмицер, легендарна фигура на Чешка и освојувач на Лигата на шампиони со Ливерпул,…