Дома Фудбал Репрезентации Милевски: Чешка сакаше да игра со нас, а тоа е потврда за нашиот квалитет

Милевски: Чешка сакаше да игра со нас, а тоа е потврда за нашиот квалитет

Фудбалската федерација на Македонија постигна договор за одигрување на контролен натпревар помеѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Чешка. Чешка и Македонија ќе се соочат на 10. јуни во Прага. 

Претходно, нашиот најдобар национален тим на 3. јуни ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мило ми е што постигнавме договор со чешкиот фудбалски сојуз да одиграме натпревар кој ќе биде одличен тест за двете селекции. Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет. Репрезентација на Чешка, учесник на претстојното Европско првенство, ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации. Чешка има силен тим, но сакаме да видиме каде сме во тој момент и што треба уште да подобриме во пресрет на отворањето на Лига на нации. Сигурен сум дека гледачите ќе уживаат во квалитетен натпревар, изјави селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.

Со селекцијата на Чешка, македонската репрезентација досега има одиграно три натпревари. Во квалификациите за СП 2006 загубивме во двете пресметки, а одигравме 1:1 на пријателскиот меч во 2001 година. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…