Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски не може да смета на пет фудбалери: Принудени сме на промени

Милевски не може да смета на пет фудбалери: Принудени сме на промени

Селекторот Милевски има големи проблеми во пресрет на последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство за играчи до 21 година против селекцијата на Црна Гора.

Имено, селекторот нема да може да смета на Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љаврдим Фазлиу.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме се што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни и дојдоа на некој начин шокантно за сите нас, сепак, ние сме репрезентација која е подготвена да се носи со сите работи. Посакувам здравје, во овој момент тоа е најважно. Јас можам да ветам дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план“, изјави селекторот Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…