Младиот голман на Бенфика, Миле Свилар, даде интервју за португалската „Абола“, а една од темите беше натпреварот помеѓу Бенфика и Манчестер Јунајтед.
Имено, после овој натпревар фантастичниот млад голман на португалскиот клуб имал прилика да разговара со Ромелу Лукаку, а во ова интервју открил што му кажал напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Лукаку не ми кажа ништо посебно, пред се ми кажа да заборавам на грешките и да продолжам напред. Исто така, додаде дека е горд што потекнуваме од ист клуб, Андерлехт“, открива Свилар.
Свилар истакна дека го почитува тоа што му го кажал Лукаку.
„Кога ја напуштав Белгија голем дел од луѓето не веруваа дека ќе бидам тука каде што сум сега, поради тоа навистина ми беше мило да ги слушнам тие зборови“, заврши Свилар.