Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесува „Газета дело Спорт“.
Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, на кого договорот му истекува во јуни и може да го напушти „Сан Сиро“.
Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па Милан ќе има сериозна конкуренција, но „росонерите“ веќе работат на трансферот.