Дома Трансфер зона Милан тврди: Донарума е недопирлив!

Милан тврди: Донарума е недопирлив!

Италијанскиот фудбалски гигант, Милан во јануари нема да продава ниту еден играч иако клубот објави рекорден минус од 146 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.

Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека поради лошата финансиска ситуација, Милан е принуден за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на Џанлуиџи Донарума.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, челниците на Милан потенцираа дека Донарума не е за продажба и дека се преговара за продолжување на соработката.

Сопствениците на италијанскиот гигант, инвестицискиот фонд „Елиот“ го покрил целиот финансиски минус и не помислува да ја продаде најголемата ѕвезда на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спреми понуда за ѕвездата на Интер

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за напаѓачот на Интер и француската репрезентација,…