Италијанскиот шампион Милан работи на трансферот на Хаким Зијех од Челзи, пренесува „Газета дело Спорт“.
Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.
По добрите настапи на Мундијалот, Милан повторно стапил во контакт со неговиот агент и веќе постигнале договор со Мароканецот.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „Росонерите“ спремиле понуда за шестмесечна позајмица со откуп за 15 милиони евра, а Челзи е спремен да ја прифати понудата.
🚨 AC Milan are ready to bid for #Chelsea forward Hakim Ziyech, 29, who has impressed at the World Cup with Morocco. #CFC
— Chelsea Express (@Chels_Express1) December 9, 2022
Via @Ekremkonur