„Газета дело Спорт“ на денешната насловна страна објави дека приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.
21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, оваа сезона блесна во дресот на Клуб Бриж.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го добие епитетот „новиот Де Брујн“.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со Бриж, кој за неговата слобода бара 40 милиони евра.
„Росонерите“ веќе имаат договор со Бегиецот, кој треба да биде новата „десетка“, а сакаат да го комплетираат трансферот за 30 милиони евра.
La prima pagina della Gazzetta di oggi:
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 13, 2022
📷 UN MILAN DA 10
Le notizie 📷 https://t.co/1BDXAr27AD pic.twitter.com/gomxWcu9jQ