Милан е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, пренесуваат италијанските медиуми.
Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“ ова лето, но Реал се одлучи да го задржи во своите редови.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Гулер минатата сезона, но и на Европското првенство покажа дека е еден од најголемите европски таленти во моментов.
Меѓутоа, во Реал не добива многу шанса па е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи таа шанса.
„Росонерите“ спремаат понуда за Арда Гулер, така што Реал ќе има бај-бек клаузула и може да го врати во следните три години.