Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Милан спреми нов договор за Чалханоглу

Милан игра одлично после паузата, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ оваа сезона е Хакан Чалханоглу.

Тренерот Пиоли му ја најде вистинската позиција на теренот, па Чалханоглу конечно го покажа својот потенцијал.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Неговиот договор со Милан истекува следното лето, но „росонерите“ сакаат да го задржат по секоја цена, па веќе спремија нов договор.

Малдини веќе имал средба со агентот на турскиот репрезентативец и му понудил нов тригодишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Самиот фудбалер сака да остане во Милано, па се очекува во наредните денови да стави потпис на новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конте објасни зошто го замени Де Брујне: Сурова судбина, жал ми е

Тренерот на Наполи Антонио Конте призна дека „судбината беше окрутна“ за Кевин Де Брујне п…