Дома Трансфер зона Милан со порака до заинтересираните клубови: Тео е недопирлив!

Милан со порака до заинтересираните клубови: Тео е недопирлив!

Раководството на Милан нема намера да се раздели со Тео Хернандес и е спремно да ги одбие сите понуди, пренесуваат италијанските медиуми.

Милан го купи Хернандес минатото лето од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после добрата сезона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


22-годишниот Хернандес игра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа. За него интерес покажуваат ПСЖ и Барселона, а неговата цена е 50 милиони евра.

Управата на Милан не помислува да го продаде Хернандес и сигурно ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат на нивна адреса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…