Дома Трансфер зона Милан се засилува од Наполи

Милан се засилува од Наполи

Милан веќе работи на засилувања за следната сезона, а италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите со играчот на Наполи се во напредна фаза.

Станува збор за десниот бек Елсеид Хисај, на кого договорот со Наполи му истекува на крајот на сезоната.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Албанскиот репрезентативец може да преговара со заинтересираните клубови, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е најблиску до неговиот потпис.

„Росонерите“ на десната бековска позиција го имаат Калабрија, и сметаат дека Хисај ќе биде одлична алтернатива за Италијанецот.

Далот на крајот на сезоната ќе се врати во Манчестер Јунајтед, а Хисај би требало да биде негова замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона потврди: Жоао Феликс и Кансело заминуваат!

Каталонскиот гигант Барселона денес официјално потврди дека се разделува со Жоао Феликс, К…