Дома Трансфер зона Милан сака да купува од Реал, но ФФП им прави проблем

Милан сака да купува од Реал, но ФФП им прави проблем

Oткако минатото лето потроши повеќе од 200 милиони евра на засилување, Милан полека ги избира метите за новиот преоден рок.

Во овој момент според италијанските медиуми најголема желба на „росонерите“ е шпанскиот репрезентативец, Дани Себалос (21) кој минатото лето пристигна од Реал Бетис во Мадрид за сума од 18 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се очекуваше Себалос да биде големо засилување за „кралевите“, но тој оваа сезона собра само 714 минута и е незадоволен поради што би можел да го напушти клубот, пишуваат италијанските медиуми.

Сепак, Милан се уште не стапил во официјални преговори и проблем за Италијанците би можел да претставува финансискиот фер-плеј.

Кога во прашање е цената на Себалос се очекува Реал да бара околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…