Дома Фудбал Милан подготви 12.000.000 за наследникот на Пиоли, се чека официјализација

Милан подготви 12.000.000 за наследникот на Пиоли, се чека официјализација

Остануваат уште некои детали да се дефинираат, но во основа веќе се знае кој ќе биде новиот тренер на Милан.

Стефано Пиоли на крајот на сезоната ќе го напушти седумкратниот европски првак, а извесно е дека ќе го наследи Хулен Лопетеги, поранешен селектор на Шпанија и тренер на Реал Мадрид, Севиља, Вулверхемптон…

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Газета дело спорт“ пишува дека „Росонерите“ постигнале договор со Лопетеги, кој ќе потпише тригодишен договор и ќе заработува 4.000.000 евра по сезона.

Лопетеги наводно ја оставил на страна понудата на Вест Хем поради Милан, а се чека само потврда дека тој ќе го води тимот од „Сан Сиро“ во следната сезона.

Милан го освои Скудетото во 2022 година со Пиоли како тренер, а оваа сезона е втор во поредокот, далеку зад новиот шампион Интер.

Минатата сезона Милан стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде беше поразен од градскиот ривал Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн е во тимот на Баерн и се чувствува добро за гостувањето кај Реал Мадрид.

Хари Кејн тренираше заедно со своите соиграчи и беше во тимот на Баерн пред гостувањето ка…