Дома Трансфер зона Милан повторно на шопинг во Мадрид

Милан повторно на шопинг во Мадрид

Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот работи на засилување на одбраната.

Прва мета на „росонерите“ е Никола Миленковиќ од Фиорентина, но двата клуба никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Милан е спремен да плати 27 милиони евра за српскиот стопер, додека Фиорентина бара најмалку 35 милиони евра за слободата на Миленковиќ.

Сега Милан ќе се насочи кон дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо, пренесуваат италијанските медиуми.

Начо е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“, а Милан и Реал Мадрид имаат одлични односи што се покажа за трансферите на Тео Хернандес и Брахим Дијаз.

Двата клуба би можеле да го договорат трансферот на едногодишна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…