Дома Фудбал Италија Милан од следниот месец и официјално кинески – откриен буџетот за трансфери!

Милан од следниот месец и официјално кинески – откриен буџетот за трансфери!

Кинескиот конзорциум „Сино Јуроп Груп“ конечно на 3-ти март ќе ја превземе контролата на италијанскиот гигант Милан, пренесуват италијанските медиуми.

Кинезите веќе имаат дадено капар од 200 милиони евра, а помеѓу 20 и 27 треба да уплатат уште 320 милиони евра на компанијата Фајнинвест која е во сопственост на Силвио Берлускони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На 3-ти март и официјално клубот ќе премине во кинески раце, а новите сопствници се обврзани од крајот на годината да го покријат долгот од 220 милиони евра и да вложат најмалку 100 милиони евра во инфраструктура.

Медиумите денес го открија и планот на новите сопственици кои ќе издвојат 150 милиони евра за летниот трансфер период. Доколку се официјализира продажбата на Нианг таа сума ќе се зголеми на 170 милиони евра.

Веќе се знае дека нов генерален директор ќе биде Марко Фасоне, а функцијата спортски директор ќе ја превземе Макс Мирабели, кој ќе се обиде да донесе неколку големи фудбалски ѕвезди на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“ која не се очекува: Салах ќе заврши како Меси?!

Мохамед Салах предизвика реакции на „Енфилд“, а интерес за неговата ситуација наводно пока…