Дома Фудбал Италија Милан не жали пари за да го задржи Кеси

Милан не жали пари за да го задржи Кеси

Милан не сака да му се повтори „случајот Донарума“ и сака што побрзо да потпише нов договор со Франк Кеси.

Кеси одигра фантастична сезона и беше најзаслужен за добрите резултати на „росонерите“, а неговиот договор истекува следната година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет за Милан е продолжување на договорот, но агентот на Кеси ги одби првите две понуди на „росонерите“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини наскоро ќе има средба со агентот и ќе презентира нова понуда, која ќе достигне 7 милиони евра по сезона со вклучени бонуси.

За 23-годишниот фудбалер има интерес од многу клубови ширум Европа, но самиот тој преферира да остане во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастичен гол на Суарез преку погледот на судијата. Види ја магијата снимана преку камерата на арбитерот

На последниот меч од групата А, Интер Мајами и Палмеирас завршија со резултат 2:2. Тимот о…