Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси може да се врати во Сеерија А и тоа во големиот ривал на Милан.
Кеси ова лето го напушти Милан како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент најпрво имал средба со Малдини, но Милан категорично ја затворил вратата за негово враќање на „Сан Сиро“.
„Калчомеркато“ пренесува дека Кеси потоа му се понудил на Интер, кој е заинтересиран да го донесе во своите редови.
Меѓутоа, под два важни услови. Кеси да пристигне на позајмица, а Барселона да плаќа дел од неговата плата која изнесува 6,5 милиони евра по сезона.