Дома Трансфер зона Милан имал средба со Раиола – Бонавентура и Ибра на дневен ред!

Милан имал средба со Раиола – Бонавентура и Ибра на дневен ред!

Италлијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Милан Леонардо пред неколку дена имал средба со манеџерот Мино Раиола.

Главна тема на состанокот бил Џакомо Бонавентура, за кого „росонерите“ спремија нов договор. Наводно биле договорени сите детали, па наскоро ќе следува и потпис на играчот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бонавентура е еден од најважните фудбалери на Милан, а со новиот договор ќе се обврзе на верност кој „росонерите“ до 2022 година и ќе добие зголемување на платата.

Секако, на состанокот двете страни разговарале и за Ибрахимовиќ. Напаѓачот сака да го напушти Галакси, па можно е да се врати во Милано во јануари. „Калчомеркато“ пренесува дека преговорите се во тек и дека проблемот не е финансиски, но Ибра им соопштил на челниците дека не прифаќа да биде резерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…