Хвича Кварацхелија, репрезентативец на Грузија, кој беше стрелец против Македонија во Скопје е на радарот на неколку европски гиганти.
Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи не само во националниот тим, туку и во дресот на Рубин Казан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борусија Дортмунд подолго време го следи крилниот напаѓач, а сега во трката за неговиот потпис се приклучија Милан и Јувентус.
Агентот на Кварацхелија пристигна во Италија и веќе започнал преговори со Милан, а во наредните денови ќе има средба и со Јувентус.
Цената на Грузиецот е 15 милиони евра и многу веројатно дека од лето ќе се пресели во Серија А.