Дома Фудбал Италија Милан и Конте имаат договор

Милан и Конте имаат договор

Раководството на Милан му предложило плата од 6,5 милиони евра по сезона на италијанскиот стратег Антонио Конте, потврдија англиските медиуми.

Конте е отворен за преземање на кормилото на „росонерите“ и веќе ја прифатил понудата, но најпрво треба да ја реши ситуацијата со Челзи.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Италијанецот моментално е во спорт со Челзи кој најверојатно ќе заврши на суд, бидејќи пред неполн месец доби отказ, а има договор на уште една година со „сините“.

Конте од Челзи треба да добие 10 милиони евра, но тој бара додатни 5 милиони како бонус, бидејќи отказот стигнал многу доцна.

Конте имал средба со Леонардо и наводно постигнале договор најпрво да го реши спорот со Челзи, а потоа да потпише договор со Милан и да го преземе местото на Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид нуди нов договор на Куртоа

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Тибо Куртоа со идеја да го задржи до 2028 година, …