Дома Топ вести Милан и Барса се договорија за Тобидо

Милан и Барса се договорија за Тобидо

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Милан постигнале договор за трансфер на дефанзивецот Жан-Клер Тобидо.

Сега останува уште младиот Французин да постигне договор со „росонерите“ за трансферот и официјално да биде потврден. За него силен интерес покажува и Баер Леверкузен, но многу поверојатно е Тобидо да се пресели на „Сан Сиро“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ако дефанзивецот ја прифати понудата на Милан, тогаш ќе се пресели во Милан на позајмица до крајот на сезоната, а „росонерите“ ќе имаат можност на лето да го откупат неговиот договор за 20 милиони евра.

Милан се избори во договорот да нема клаузула според која Барса ќе може да го врати играчот на „Камп Ноу“, но ќе има предност доколку италијанскиот клуб сака да го продаде.

Тобидо пристигна во Барса од Тулуз како еден од најталентираните дефанзивци во Европа, но не може да се избори со големата конкуренција на Камп Ноу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…