Веќе неколку недели Милан се обидува да го доведе Анхел Кореа од Атлетико, но двата клуба никако не успеваат да пронајдат договор за оштетата.
Атлетико бара 55 милиони евра, а Милан нуди 45 и подолго време ситуацијата стои на тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Бобан и Малдини бараат алтернативни решенија, а како опција се појави Анте Ребиќ. Не, само како опција туку и како некој кој има најголеми шанси од сите, пишува „Тутоспорт“.
Напаѓачот на Ајнтрахт е проценет на 40 милиони евра, нешто помалку од она што Милан е спремен да плати за Кореа, а Ребиќ е примамлива опција затоа што станува збор за фудбалер кој има искуство со играње во Серија А.
Претходно за Ребиќ се интересираше градскиот ривал Интер, но никогаш „нероаѕурите“ не постигнаа договор. Некое време се пишуваше за можен трансфер на Ребиќ во Атлетико, но и таа приказна многу брзо пропадна.
Сега во игра е Милан чиј тренер Марко Џампаоло во Ребиќ гледа фудбалер кој освен што може да игра покрај Пјонтек и Леао, може да биде и некој кој ќе игра зад нив. Таков вид на флексибилност не нуди Кореа.