Дома Фудбал Италија Милан е тимот кој сезонава добил убедливо најмногу пенали во Серија А

Милан е тимот кој сезонава добил убедливо најмногу пенали во Серија А

Милан вчера со 1:2 ја победи Сампдорија и така ја задржа предноста од пет, односно шест бодови во одност на најголемите ривали Интер и Јувентус.

„Росонерите“ се лидери и на друга табела, тоа е во бројот на досудени пенали. Пенал Милан доби и против Сампдорија и тоа беше осми за овој тим во првите 10 кола во Серија А.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На второто место е Рома со четири пенали помалку, по три добија Сасуоло и Торино.

Доколку Милан продолжи со ова темпо да добива пенали тогаш веројатно ќе го сруши рекордот на Лацио од 18 пенали во една сезона.

Инаку, најмногу пенали во досегашниот дел од Серија А се досудени против: Специја, Сампдорија и Фиорентина. Против овие тимови се досудени по три најстроги казни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Гвардиола го напушта Сити

Манчестер Сити на крајот од сезоната може да остане без Пеп Гвардиола. Неговиот договор ис…