Дома Фудбал Италија Милан денес слави роденден: Грандиозно дефиле на легендите на „Сан Сиро“

Милан денес слави роденден: Грандиозно дефиле на легендите на „Сан Сиро“

Италијанскиот гигант Милан денес на мечот против Сасуоло ќе го прослави својот 120-ти роденден.

Седумкратниот европски шампион е формиран на 30-ти декември 1899 година,  а на денешниот меч ќе започне јубилејната прослава која ќе се одбележува цела една недела.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На полувремето, на теренот треба да се појават многу клупски легенди, вклучувајќи ги Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан, Паоло Малдини, Алесандро Костакурта, Жан-Пјер Папен, Пипо Инѕаги, Даниеле Масаро, Деметрио Албертини и други, а од тренерите ќе се појават Ариго Саки, Фабио Капело и Масимилиано Алегри.

Карло Анчелоти поради оправдани причини нема да може да присуствува на церемонијата, но преку социјалните мрежи испрати честитики до клубот каде имаше голем успех како играч и тренер.

На „Сан Сиро“ денес ќе биде и легендарниот претседател на „росонерите“ Силвио Берлускони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роберт Левандовски прави спектакуларен трансфер

Веќе се поставуваат многу прашања каде би можел искусниот Полјак да ја продолжи кариерата.…