Дома Топ вести Милан го сруши трансферниот рекорд за ѕвездата на Атлетико

Милан го сруши трансферниот рекорд за ѕвездата на Атлетико

Италијанскиот гигант Милан го договори најскапото засилување во својата историја, откако се согласи да плати 50 милиони евра за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа.

Пред неколку дена се појави вест дека Милан веќе постигнал комплетен договор со Кореа, кој на „Сан Сиро“ ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Остануваше уште двата клуба да ја договорат отштетата, а „Скај Италија“ потврди дека двата клува си пуштиле рака за трансфер тежок 50 милиони евра, од кои 40 милиони евра ќе бидат во кеш, а останатите 10 преку бонуси.

Директорот на Атлетико, Андреа Берта денес ќе пристигне во Милано за да се договорат последните детали и да двете страни да стават потпис на договорот.

Се очекува Кореа оваа недела да пристигне во Милано на лекарски прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…