Италијанските медиуми тврадт дека Милан е многу блиску до договор со кинескиот Шензен за трансфер на Фабио Борини.
Шензен е силно заинтересиран за Италијанецот и е спремен да плати 15 милиони евра колку што бара Милан за неговата слобода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борини наводно е спремен да се пресели во Кина, па медиумите на Апенините тврдат дека трансферот е блиску до реализација.
Најголема желба на „росонерите“ за таа позиција е ѕвездата на ПСВ и мексикански репрезентативец Ирвинг Лозано.
Наводно Милан веќе почнал преговори за Мексиканецот, но проблем е што холандскиот клуб бара 40 милиони евра за трансферот.
Спортскиот директор на Милан, Леонардо е воодушевен од настапите на овој Мексиканец и наводно го означил како еден од приоритетите во зимскиот преоден рок.
„Росонерите“ наводно се спредмни да понудат 25 милиони евра, сума која со бонуси може да достигне до 35 милиони евра.
https://youtu.be/fNSPG85FFrM