Милан и Лил ги договараат последните детали за трансфер на дефанзивецот Свен Ботман, пренесува „Калчомеркато“.
Лил ги одби сите понуди за Холанѓанецот бидејќи не сакаше да се раздели со него во јануари, но дефанзивецот потврди дека заминува на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.
Милан има договор со Ботман, а е блиску до договор и со францускиот клуб за трансфер вреден 30 милиони евра.
Ботман одби богата понуда од Њукасл бидејќи сака кариерата да ја продолжи на „Сан Сиро“.