Meнаџерот на Арсенал, Микел Артета е позитивен на коронавирус.
Англиските медиуми вечерва објавија дека шпанскиот стратег е тестиран и му е утврден коронавирус, после што е ставен во изолација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал ја потврди веста.
„Нашите мисли се со Микел кој е разочаран, но во добра ситуација. Констатно се во разговор со експертите за оваа ситуација што подобро да ја решиме. Јасно е дека нема да можеме да ги играме нашите наредни натпревари, сега е важно да провериме кои луѓе биле во контакт со Микел“, соопштија од Арсенал.
Инаку, пред само околу еден час Англичаните објавија дека ќе играат нормално и со публика за викендот, меѓутоа после оваа вест работите би можеле да се променат.